Кошаркарите на ТФТ не успеаја во обидот да му се реваншираат на Академик за поразот во дуелот одигран пред една седмица во Пловдив. Имаа „добитна комбинација“, водство од 20.поени на полувремето (60:40). Но и тоа не им беше доволно за нов балкански успех. Херис го одведе натпреварот во продолжение, но во него „црно-белите“ останаа покуси за два поени, односно за краен пораз од 102:104.



