Во шпанската Асобал лига македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски извлече само бод со својот тим Синфин на гостувањето против Виља де Аранда иако гостите имаа предност и беа пред победа, сепак на крај домаќините остварија реми со резултат од 28:28. Димитриевски натпреварот го заврши со два постигнати гола.



