Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи од Хувентуд Бадалона го играа заостанатото коло од шпанската Ендеса лига и триумфираа на гостувањето против Монбус Обрадоиро со пресврт и конечен резултат од 83:87.
Димитријевиќ на овој натпревар имаше ефект од 5 поени и по една асистенција и скок. Ова беше 13. одигран натпревар на Хувентуд во 14.кола од најсилната шпанска лига.
„Зелено-црните“ имаат ефект од девет победи и четири порази, доволно за високото петто место на табелата. Овој викенд ги очекува голем предизвик. Во недела, од 18.30 часот е каталонското дерби, гостувањето во „Блауграна“ кај Барселона.



