Викендов не очекува втората ракометна пресметка на “Езерските” ривали Охрид и Струга. На 21 октомври од 18:30 часот во салата „Билјанини извори“ ќе се одигра Езерското дерби.
Очекувам вистинска машка борба од двете страни. Во форма сме, секој нареден натпревар играме се подобро и подобро. Сигурно ќе го оставиме срцето на терен и ќе одиграме натпревар кој доликува на дерби, па нека победи подобриот. – изјави Мерис Бошњак, десниот бек на Струга.