Македонската музичка сцена доби уште еден силен хит – „Лавиринт“, новата песна на Тамара Тодевска во соработка со Игор Џамбазов, веќе се искачи на 17-то место на trending листата на YouTube за музика. Официјалното видео е објавено на 18 јуни 2025 година и веќе има близу 50.000 прегледи и над 1.200 лајкови.
Музиката и аранжманот се дело на Роберт Билбилов, додека текстот го напиша Игор Џамбазов. Видеото е во режија на Зоран Зонде Стојановски, а за визуелниот изглед се погрижи директорот на фотографија Кристијан Теодоров.
Песната „Лавиринт“ ветува да стане еден од најголемите летни хитови годинава.




