РК Струга продолжува со креирање на тимот за новата натпреварувачка сезона. Кружниот напаѓач Филип Пајкоски го продолжи договорот со клубот и ќе ги брани боите на стружани и во сезоната 2025/2026.
Со ова продолжение, клубот задржува еден од клучните играчи во тимот, кој и досега беше значаен дел од нападот. Од клубот упатија честитки за Пајкоски, изразувајќи задоволство што соработката продолжув




