На меѓународниот ИТФ турнир Охрид опен на кој земаа учество околу 200 такмичари од 7 држави таеквондо клубот Сонкал ИТФ од Мислешево постигна забележителни резултати освојувајќи 9 медали со 6 натпреварувачи.

Тренерите Марио и Давид Крстески го докажаа својот репрезентативен квалитет. Марио а исто и 16 годишниот Давид на овој турнир влегоа и во категорија сениори од 18 до 34 години и таму се сретнаа во финале. Тренерите исто така се многу задоволни и од своите ученици кои за 1 година работа се вмешаа во освојувачите на медали.Овие дечина заслужуваат респект прво за нивното залагање на тренинг а потоа и за освоените резултати.
Освојувачи на медали се:
Марио Крстески – 1 златен и 2 сребрени
Давид Крстески – 2 златни и 1 сребрен
Теодор Ѓорески – 1 сребро
Кристијан Гагалески – 1 бронза
Дамјан Анѓелкоски – 1 бронза