Најмалиот „Citroen“ се распродаде за рекордно време, за само 10 часа. Станува збор за „Citroen My Ami Buggy“ со електричен мотор. „Citroen“ започна со онлајн продажба овој вторник во 11 часот во осум европски земји, а десет часа подоцна сите примероци беа распродадени.
„ Citroen“ понуди само околу 800 примероци, a поради интересот во моментов се произведува дополнителна серија од 200 примероци. Citroen My Ami Buggy се продава по цена од 7.790 до 10.450 евра.