Најдобриот македонски теквондист Дејан Георгиевски во четвртфиналето на Европските игри во Краков, Полска славеше против украинецот Андри Харбар (2-1 во рунди). Во полуфиналето ќе ги одмери силите со Шпанецот Иван Мартинез.
Претходно во првата борба Георгиевски славеше против Матија Молин од Италија со 2-0 во рунди и ја мина првата пречка во категоријата над 87 килограми.