недела, декември 3, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Свонси го доби Брентфорд во првиот полуфинален меч

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 26, 2020
📁 Спорт, Фудбал

По завршувањето на регуларната Чемпионшип сезона, тимовите од третото до шестото место се соочуваат во меѓусебен плејоф за да се одреди третиот патник во Премиер лигата.
Свонси на магичен начин, оставајќи го Нотингем зад себе, успеа да се прикраде до шестото место и да избори полуфинале против третопласираниот Брентфорд.
На својот „Либерти Стадиум“ во Велс, денес го одиграа првиот полуфинален дуел кој заврши со резултат од 1-0 во корист на Свонси.
По сиромашното прво полувреме, следуваше возбудливо второ во коешто Свонси доби пенал во 64. минута. Андре Ају ја прифати одговорноста за изведување, но неговиот удар беше запрен од голманот Давид Раја. Само две минути подоцна, судијата Кит Страуд донесе доста контроверзна одлука давајќи му црвен картон на дефанзивецот на Брентфорд, Рико Хенри, за навидум чист старт.
Во 82. минута Андре Ају ја исправи својата грешка забивајќи прекрасен погодок од полуволеј што заврши во горниот лев голмански агол. Накрај, овој гол се испостави како единствен на мечот.
Интересен податок е дека тренерот на Свонси, Стив Купер, не направи ниту една измена во ова полуфинале.
Реваншот ќе се одигра на 29 јули (среда) со почеток од 20:45 часот. Воедно, тоа ќе биде последниот натпревар одигран на стадионот „Грифин Парк“, кој од наредната сезона ќе биде заменет со новиот „Брентфорд Комунити Стадиум”. Имено, Брентфорд настапуваше на „Грифин Парк“ уште од 1904 година.

Tags: БрентфордСвонсиЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

Митровиќ прв стрелец во Чемпионшип

Следна вест

Петкоска: Аранжирам македонска изворна музика, песни и ора

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Митревски донесе победа со 44,44% процент на одбрани
Ракомет

“Октоподот” Mитревски со 18 одбрани донесе победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Дек/2023
Ракомет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Пролет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
(Галерија) Драматичниот натпревар помеѓу Струга и Гуиф низ фотографии
Ракомет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион
Фудбал

Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
Следна вест

Петкоска: Аранжирам македонска изворна музика, песни и ора

Последно

“Октоподот” Mитревски со 18 одбрани донесе победа

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Пролет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Струга

Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион

(Видео)javisejuzna.mk ви го претставува “шведскиот” талент кој ќе игра за Македонија

Јован Јованов и Пајак со најава за ремикс за мега-хитот “Магија” (Фото)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.