петок, декември 1, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МУЗИКА

Петкоска: Аранжирам македонска изворна музика, песни и ора

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јули 26, 2020
📁 МУЗИКА

Даниела Петкоска е најдобра наша флејтистка за која што малку се зборува пишува и се знае. Инаку таа со својот труд, професионализам пред се голем талент се пробива на светска сцена рамо до рамо со најдобрите во оваа професија.

Освен тоа таа се обидува да ги заживее македонските народни песни приспособени за флејта изведба како и да ги подигне и мотивира останатите во оваа сфера да го кренат својот глас. Во прилог нејзина изјава во која што опишува и раскажува на повеќе теми,проследете:

,,Во ноември 2019 година во Италија имав некои награди и признанија како и доделен Лауреат за најдобар флејтист на генерација во Италија и во таа чест имав прилика да настапувам како солист на Mittlefest во Италија, еден од многу познат фестивал. Свирам и настапувам како солист во соработка со Хироми Араи, доста позната пијанистка од Јапонија. Се надеваме да настапиме и на Охридско Лето до наредна година. Исто последно сум доста посветена да аранжирам наша македонска изворна музика, песни и ора. Настапував последно на наши македонски фолклорно културни настани во Италија, со моја уметничка група која се состои за Глас, Флејта, Контрабас и УТ ( турски инструмент). Мој колега италијанец на контрабас имам прилика да го претставам Симоне Ланци, кој ја обожава нашата македонска традиционална музика и последно го промовираше и снима Цд со наша македонска музика во Италија, посебно е љубител на чалгија. Идејата ми беше да создадам доста специфичен уметнички стил вклопен за изведба на македонска музика. Нешто ретко и специфично каде не се среќава често како изведба. Последно настапувавме последно заедно низ Италија и Хрватска се надевам за скоро и во Германија. Заедно со уште еден мој колега на УТ Милош Дрпа и него сакам да го претставам како дел од групата. Бевме поканети да настапиме во Чешка на познат фестивал во склоп со Музика од Балконот, но поради пандемијата е откажано. Цел ни е и желба да настапиме со нашите аранжмани и во Македонија, доколку не подржат некој од културно уметничките друштва и фестивали. Имав настап во познатата сала Ватрослав Лисински во Загреб, како претставник од Македонија во Хрватска за негување на македонска народна музика, со моја најомилена песна “Со Маки сум се родила” обработена како соло верзија за флејта и глас. Пробувам да ги негувам уметнички нашите Македонски песни како и цел ми е да ја оживеам македонската музика на флејта , покрај класиката. И идејата ми е малку да оживеам некои наши познати македонски композитори и инструменталисти како на пример нашиот можеби заборавен сега флејтист и композитор Иван Терзиев” – изјави за нашиот медиум Даниела Петкоска.

ShareTweet
Претходна вест

Свонси го доби Брентфорд во првиот полуфинален меч

Следна вест

(Галерија) Девојка која плени со својата природна убавина

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(Видео) Барбара Поповиќ со “Зајди, зајди” го воодушеви регионот
МУЗИКА

(Видео) Барбара Поповиќ со “Зајди, зајди” го воодушеви регионот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Ное/2023
(Видео) Нова песна на Антониа Гиговска – „Брига ме“
МУЗИКА

(Видео) Нова песна на Антониа Гиговска – „Брига ме“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Ное/2023
(Видео) Стружанката Елена во главна улога во новиот спот на ДНК и Врчак
МУЗИКА

(Видео) Стружанката Елена во главна улога во новиот спот на ДНК и Врчак

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Ное/2023
“БАХ” ги собраа наградите на STAGE International Dance Competition
ЗАБАВА

“БАХ” ги собраа наградите на STAGE International Dance Competition

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Ное/2023
Следна вест

(Галерија) Девојка која плени со својата природна убавина

Последно

Куп елиминации: Струга гостува во Струмица

Ангеловски: Секој натпревар е нова приказна

Пешевски: Напорно се подготвуваме и веруваме во подобри резултати

(Видео) Барбара Поповиќ со “Зајди, зајди” го воодушеви регионот

Даниел Андоновски се сели во Италија

Ѓоровиќ: Мора да извлечеме поука од поразите

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.