Дербито на јужен Велс, одиграно помеѓу единствените две велшки екипи во првите три англиски фудбалски лиги го отвори денешното 18. коло од англискиот Чемпионшип.
Имено, по јубилеен 110. пат во историјата, на теренот се соочија Кардиф и Свонси. До 37. меѓусебна победа, денес стигна гостинскиот тим на Свонси, кој го доби ривалот со 0-2.
Клучен играч за триумфот на ,,Лебедите” беше академскиот продукт на Барнет, Џамал Лоу, кој ги постигна и двата погодоци (6′ и 72′). Во 67. минута, Кардиф остана со десетмина на теренот, откако Џоу Ролс доби втор жолт картон.
Кардиф и покрај поразот остана на деветтото место, а Свонси ,,скокна” до второто, со само бод заостаток во однос на Норвич. Сепак и двете екипи имаат натпревар повеќе од сите останати конкуренти.



