Тимот на ФК Тетекс конечно дојде до првата посакувана победа во вториот дел од првенството и тоа славеше против големиот фаворит во овој дуел, тимот на Велешта со резултат 2:1. Условите на Градскиот стадион беаа многу лоши и неповолни за фуднал, но делегатот Николче Ивановски одлучи да се игра, иако на многу второлигашки терене натпреаврите беа одложени.
Резултатот го отвори Хусеин Демири во 15-тата минута, по една долга нафрлена топка во шеснаесникот на противникот, на Демири не му беше тешко да ја смести топката во гол. Во самиот финиш поточно во 80-тата минута нашиот тим успеа да ја удвои својата предност од белата точка, а во листата на стрелци пак се запиша Демири.
Потоа гостите притиснаа и за само четири минута го намалија резултатот на 2:1 кој беше и конечен. Сега следува репрезентативна пауза од скоро две недели, а следниот противник ние ФК Скопје на 3-ти април со почеток во 15 часот.



