Актуелниот шампион Ѓорче Петров продолжува со формирање на ростерот за новата сезона, а најновото засилување доаѓа од големиот ривал Чаир. Станува збор за ракометарката Дукоска, која повторно ќе го носи дресот на Ѓорче.
Таа потекнува од клубот Стружанка, а од 2022 година настапуваше за Чаир. Една сезона мина во Ѓорче Петров, по што се врати во Чаир и имаше одлични настапи. Сега, по две сезони, Дукоска повторно се приклучува на редовите на шаббмпионот.




