Ултрамаратонците тргнаа за Нова Градишка за 17. Ултрамаратон за Тоше Проески. Тринассет учесници од Скопје – Нова Градишка во Хрватска, вечерва тегнаа за да го трчаат 17-тиот ултра маратон во чест на Тоше Проески.
Тие вечерва ќе патуваат до Загреб каде што утре наутро ќе пристигнат во македонската православна црква каде што ќе бидат пречекани од отец Кирко и поддржувачите каде ќе се одржи и литургија во чест на Тоше.
Во понеделникот на 14.ти Октомври во 17:00 ќе тргнат на пат за Крушево каде се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, на 17. Годишнината од загинувањето на Тоше Проески.
Тринассет учесници кои ќе го трчаат 17. Ултрамаратон во чест на Тоше Проески утре наутро пристигаат во Загреб, Хрватска. Тие во Понеделник попладне во 17:00 часот од Нова Градишка ќе го започнат ултрамаратонот пред неговото спомен-обележје во Нова тринаесет учесници кои ќе го трчаат 17. ултрамаратон во чест на Тоше Проески.

Маратонците ќе ја посетат македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде ќе ги пречека отец Кирко Велински. Предвидено е да имаат прием во македонската амбасада во Загреб на средба со амбасадорот Милиам Фетаи.
Во Понеделник маратонците заминуваат за Нова Градишка, Хрватска, каде што ќе бидат пречекани од градоначалникот на Нова Градишка и од крушевскиот градоначалник и претседателот на крушевскиот совет.

Ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и Македонија. На 15 октомври, в вторник, се очекува да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија се очекува да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде што се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, в среда, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.Маратоците ќе бидат печекани во Крушево, веќе традиционално, со црвени рози, и на Гумење, на вечното почивалиште на Тоше, ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело и 15 години од неговото загинување.Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.




