Фудбалерите на Струга Трим и Лум, Ард Касами и Флорент Османи после седуммесечна пауза поради операција на преден вкрстен лигамент се враќаат на теренот во дресот на струшкиот прволигаш.
Целокупната медицинска и спортска рехабилитација се одвиваше под инструкции и препораки на стручниот тим предводен од Прим. Д-р Оливер Бојчески и физиотерапевтите Ерблин Домазети и Илириан Полиси. Сето беше надополнето со соодветна психолошка поддршка потребна за ваквиот тежок тип на повреди. Техничката и кондициската припрема ја спроведе одличниот кондициски тренер Стефан Мечкароски. Касами и Османи ќе бидат големо засилување за стружани.