Исклучителен успех постигна ученикот Георги Белкокески на престижниот меѓународен натпревар „Охридски бисери“ што се одржа во Охрид. Младиот кларинетист го освои првото место со високи 97,2 поени, со што ја потврди својата музичка дарба и посветеност.
Овој резултат претставува значајно достигнување и гордост како за Георги, така и за неговото училиште и наставниците. Честитки за одличното претставување и им посакуваме уште многу успеси и понатаму.
Посебна благодарност е упатена до неговиот ментор, професорот Мухамет Рецепоски, за несебичната посветеност и поддршка во текот на подготовките.




