Перо Арсоски, поранешниот ракометар на Струга во новата сезона ќе биде тренер на женскиот шампион на Малта, Ла Сале, како и на тимот до 21 година. Тој е сеуште активен и како играч и веќе четири сезони настапува за машкиот тим на Ла Сале кој е исто така шампион во Малта.