Maкедонската фудбалска репрезентативка Марјана Нацева го направи трансферот на кариерата потпишувајќи договор со женскиот тим на Борусија Дортмунд. Нацева досега настапуваше за нашиот шампион ЖФК Каменица Саса, а со овој трансфер стана првата Македонка во историјата која отсега ќе ги брани боите на “Милионерите”.
