Годинава, во организација на Градскиот ракомет клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид ќе се одржи прво издание на меморијален турнир “КРСТЕ АНДОНОВСКИ -УСТАШ” кој ќе прерасне во традиција.
На турнирот ќе земат учество следните екипи: ГРК Охрид, Тинекс Пролет, ГРК Тиквеш 2014, Партизан Белград (Србија). Турнирот ќе се одржи во спортската сала Билјанини Извори на 27ми и 28ми август во формат на натпреварување: 27ми (сабота) два полуфинални натпревари (ќе се одредат со ждрепка) и 28ми (недела) натпревар за 3то место и финале.
Средствата за организација на овој турнир се предвидени во Програмата за спорт и рекреација за 2022 година при Општина Охрид. Помагател на турнирот Кожувчанка . Меморијалниот турнир е наречен во чест на Крсте Андоновски – Усташ, кој има оставено белег на охридскиот, македонскиот и југословенскиот ракомет. Крсте Андоновски – роден 1936, починал 2003 година. Долгогодишен селектор на Македонската машка сениорска и младинска репрезентација. Член на стручен совет на СФРЈ во кој совет членуваа по еден тренер од секоја република и покраина. Тренер на ЕМО Охрид, ОТЕКС Охрид, Пелистер, Тутунски Комбинат, Прилеп и Партизан Кичево.