Поранешниот српски тенисер Слободан Боба Живојиновиќ и неговата сопруга и југословенската музичка ѕвезда Лепа Брена планираат да ја продадат својата луксузна вила во Мајами. – пишува glossy.espreso.co.rs
Брена и Боба ја понудиле својата луксузна куќа на продажба за цели 16,9 милиони долари. Вилата на Лепа Брена и Боба во Мајами се простира на повеќе од 550 квадратни метри, тврди весникот, а станува збор за зграда со шест спални соби и 6,5 бањи со модерни детали и италијанска обработка. Има и многу пространа дневна соба, кујна и лифт кој води до покривот. Фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам, како и мега-ѕвездата Џенифер Лопез биле заинтересирани во минатото за оваа вила.
Секој детал е направен со намера, од модерниот дизајн кој вклучува неверојатен поглед на заливот до внимателно избраните материјали – изјави стружанецот Мирче Чуркоски од агенцијата за недвижности.