четврток, декември 7, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Струшки АС Јунајтед и Каменица Саса ќе играат во женското финале од Купот на Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 15, 2022
📁 Фудбал

Екипите на Каменица Саса и АС Јунајтед на 18. мај (среда) ќе се соочат во женското финале од Купот на Македонија. На натпреварот кој ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, двата тима ќе се обидат да стигнат до својот прв трофеј од најмасовното натпреварување.

Каменица Саса е актуелен првак. Скопје 2014 е последен освојувач на пехарот од Купот на Македонија од финалето одиграно 2019 година против Тиверија.

За тренерот на Каменица Саса, Зоран Златковски, освојувањето на трофејот во Купот на Македонија е приоритет, бидејќи како што вели, резултатите во првенството не соодветствуваат со квалитетот на екипата.

– Како тренер и предводник на екипата очекував подобри резултати во досегашниот тек од првенството, со оглед на тоа што поседуваме голем потенцијал и квалитет. Приоритет ни е освојувањето на Купот на Македонија, иако нема да се откажеме ниту од борбата за првото место во првенството. Подготвени сме за натпреварот, со нетпрение и голема желба го очекуваме финалето и се разбира дека очекуваме победа во нашето прво финале од историја на клубот.Имаме голема почит за екипата и тренерот на Ас Јунајтед, Астрит Мерко, кој врши одлична работа. Противникот има квалитет и одлично функционираат како тим. Сметам дека ќе биде неизвесно и детали ќе го одлучат победникот. Очекувам интересен натпревар, неизвесен и борбен до самиот крај. Се надевам на победа и славје во Каменица.

Астрит Мерко, тренерот на АС Јунајтед вели дека противникот е поискусен, но верува во своите млади фудбалерки и ќе дадат сѐ од себе да победат на натпреварот.

– Го познаваме одлично тимот на Каменица Саса, поседуваат квалитет, играат одлично во последните неколку сезони во првата лига на Македонија. Очекувам интересен натпревар, голема борба и пожртвуваност кај двете екипи. Посакувам коректен натпревар. Верувам во моите фудбалерки. Имаме млада екипа која поседува потенцијал, речиси сите се репрезентативки и во натпреварувачки ритам. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Можеби предност за нив може да претставува фактот што имаат поискусни фудбалерки и фудбалерки што доаѓаат од странство, но на крајот тоа не мора да биде пресудно. Верувам дека ќе биде неизвесно до самиот крај. Нека победи подобриот. 

ShareTweet
Претходна вест

Андреас Трајковски нов македонски рекордер во скок во далечина

Следна вест

АТЛЕТСКО УЖИВАЊЕ! Ќе има околу 1000. тркачи на „Трка на Поезијата„ во Струга

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!
Фудбал

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Дек/2023
Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион
Фудбал

Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
(Видео) Миовски е гол-машина! Во 100. минута донесе реми за Абердин
Фудбал

Миовски се најде во тимот на колото во Шкотска (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Ное/2023
Миовски прв стрелец во Шкотска! Нови два гола за Абердин (ВИДЕО)
Фудбал

(Видео) Миовски со гол донесе водство против Ренџерс

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Ное/2023
Следна вест
АТЛЕТСКО УЖИВАЊЕ! Ќе има околу 1000. тркачи на „Трка на Поезијата„ во Струга

АТЛЕТСКО УЖИВАЊЕ! Ќе има околу 1000. тркачи на „Трка на Поезијата„ во Струга

Последно

Ангеловски: Загреб е ракометна институција, но ние ќе бидеме максимално спремни

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!

Селекторот на младинците Стојановиќ објави список за Трофеј Карпати

Митев и Галевски го водеа Алкалоид до историска победа во Европа

Павел Хладик тренер на Брно: Понудата на Охрид за Мацуока не можеше да се одбие

Стружанка го совлада Пелистер! Далипоска броеше до 11

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.