вторник, јуни 28, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

АТЛЕТСКО УЖИВАЊЕ! Ќе има околу 1000. тркачи на „Трка на Поезијата„ во Струга

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 15, 2022
📁 Останато

Во недела на 22.мај ќе се одржи второто издание на „Трка на Поезијата„ во Струга. По одличното премиерно издание минатата 2021 година оваа година интересот за овој настан го прикажуваат се повеќе и повеќе активни атлетичари и рекреативци.

Одличната патека по улиците низ Струга која нуди прекрасни амбиенти поминати преку реката Црн Дрим и Охридско езеро се само амбиент кој што секој тркач би го посакал, но овде доаѓа и самата географска положба на Струга каде што организаторите патеката за трчање имаа можност да ја креираат со неверојатни 0 (нула) метри елевација, која што елевација би ја посакал секој кој што сака да си брка сопствен рекорд и да се самонадмини резултатски.

На оваа трка на неполни 7 дена до трката се пријавени околу 1000 активни и рекреативни љубители на трчањето како од Македонија така и од соседните Албанија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Од активните атлетичари настап ќе земат Атанас Анчески кој предтходниот викенд се здоби со државен првак на 10.000 метри, Александар и Биљана Кираџиеви, Весна Кираџиева, Кокан Ајаноски, Жан Тосев, Игор Јакимовски, Миљана Ристиќ, Сашо Даневски и многу други атлетичари.

Овој настан ќе е збогатен и со други активности кои што се планирани за овој атлетски викенд во градот на двете води, Струга, како што е Поетскиот конкурс каде што се избира поезија под мотото „Мојата трка“, активности во Камп Скаут во Струга, каде што ќе е и доделувањето на стартните пакети, детска трка и други активности за подигање на свеста на локално и меѓународно ниво за спортски активности.

Оваа година исто како и минатата награден фонд ќе има само на трката од 10.000 метри кој што изнесува:

  1. место 15.000 мкд
  2. место 12.000 мкд
  3. место 10. 000 мкд
  4. место 4.000 мкд
  5. место 2.000 мкд

Наградниот фонд е ист и во женска и машка конкуренција, каде што исто следува и награди од организаторите доколку се постави нов рекорд на трката кој што минатата година во машка конкуренција го постави победникот Милош Ранчиќ со резултат од 34 минути и 34 секунди и во женска конкуренција го постави победничката Биљана Кираџиева со резултат од 38 минути и 34 секунди.

Од здружението „Спортски Мостови“ Струга ни ветуваат одличен настан и забава. За повеќе информации може да ги посетите на www.poetryrun.mk.

ShareTweet
Претходна вест

Струшки АС Јунајтед и Каменица Саса ќе играат во женското финале од Купот на Македонија

Следна вест

(Видео) Многумина сметаат дека Шпанија е морален победник на Евровизија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри
Останато

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Јун/2022
(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс
Останато

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

✏️ Епов Насе
28/Јун/2022
Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри
Останато

Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Јун/2022
(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони
Останато

(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони

✏️ Епов Насе
27/Јун/2022
Следна вест
(Видео) Многумина сметаат дека Шпанија е морален победник на Евровизија

(Видео) Многумина сметаат дека Шпанија е морален победник на Евровизија

Последно

Филип Ивановски е нов голман на Бутел

Пролет се засили со повратникот Василевски

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

Никола Митревски ќе биде единствениот македонец во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

Македонија ја “прегази” Грција со 18 разлика на Медитеранските игри

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.