Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков и неговиот Керженг, загубија во првиот натпревар од второто коло од Европскиот Куп. Тие дома беа поразени од Мотор од Украина со 27:31 (полувреме 15:17).
Искусниот Владимир Темелков одигра фантастичен натпревар и беше еден од најдобрите на теренот со 4 погодоци и одлична игра во одбраната на својот тим.