понеделник, мај 23, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Цехте: Среќен сум што ќе играм во Вардар и пред прекрасна публика

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 11, 2022
📁 Ракомет

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на Вардар1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап. Цехте игра на позицијата десен бек и моментно настапува за тимот на Хановер во Бундеслигата.

Цехте потекнува од школата на Горење, каде настапуваше од 2013 до 2018 година по што замина за Хановер. По пет сезони минати во Германија реши да се пресели во Македонија.
Десниот бек во јануари беше дел и од репрезентацијата на Словенија која настапи на ЕП во Унгарија, и играше во групната фаза, бидејќи Словенците не се пласираа во следниот круг. Настапи за Словенија и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место.

„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме.
Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, вели Нејц Цехте.

Вардар сезонава се пласираше во Топ-12 екипи во ЕХФ лигата на шампионите откако во групната фаза во конкуренција на осум екипи го освои петтото место со 13 бода. Сега Вардар и ќе игра во осмина-финалето против тимот на Веспрем и ќе барам пласман меѓу осумте најдобри.

ShareTweet
Претходна вест

Струга славеше против “мотивираниот” Аеродром и закажа финале со Бутел (Куп на Македонија)

Следна вест

ВО ЖИВО: Бутел – Струга (Куп финале група Б)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Металург лесно во дербито со Ѓорче, Јовановска блескаше на голот на Куманово
Ракомет

Делиоска блескаше со 13 голови, сепак Чаир славеше победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мај/2022
Митков и Костески постигнаа 15 голови за победа на Холабрун
Ракомет

Костески и Митков одлични во ремито на Холабрун

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мај/2022
(Фото + Видео) Прилеп славеше во Струга
Ракомет

Бајрактаревиќ броеше до 9, сепак Струга загуби во Прилеп

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Мај/2022
Победничко селфи на кадетките на Стружанка
Ракомет

Победничко селфи на кадетките на Стружанка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Мај/2022
Следна вест
Бутел ја оправда фаворитската улога, Мајиќ со фаул за “во затвор” врз Савески

ВО ЖИВО: Бутел - Струга (Куп финале група Б)

Последно

Две престижни титули за Закса во период од една недела

(ВИДЕО) Петта европска круна за Вакифбанк: Бранителот на титулата ,,падна” во финалето

Делиоска блескаше со 13 голови, сепак Чаир славеше победа

Бромли се закити со првата круна од ФА Трофи во својата 130-годишна историја

Костески и Митков одлични во ремито на Холабрун

Огромна несреќа за Леклер: Ферстапен најбрз во Шпанија

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.