Струга славеше победа против Куманово во второто коло од групата А во македонската Суперлига со 30:26.

Во првото полувреме Куманово поведе со 1:5 на стартот, но Струга успеа да се консолидира и на паузата екипите заминаа со резултат 13:13.

Во вториот дел се водеше голема борба до резултат 19:19, кога стружани направија серија за 24:19 и тука го решија натпреварот.


Убедливо најдобар поединец на теренот беше денес извонредниот Петар Бугариновиќ со 11 гола и 5 асистенции за победа на Струга.

