Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски и неговиот Брно се пласираа во второто коло во Европскиот Куп откако го елиминираа Зубри. Иако, Брно загуби на реваншот со 32:28, поради победата на првиот натпревар со 28:22 одат понатаму.
Дејан Кукуловски одигра одлично и на оваа средба и во одбраната и во нападот каде беше најефикасен во неговиот тим со 5 погодоци.