Алкалоид стигна до третата победа во третиот натпревар од Суперлигата оваа сезона. Денес во Автокоманда вицепрвакот славеше против Еурофарм Пелистер 2 со високи 42:29.
Најефикасни во Алкалоид беа Иван Џонов и Марко Митев со по 7 погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најдобар беше Петар Маркоски со 6 гола.