Во рамките на 18 коло од Прва МФЛ, фудбалерите на ФК Струга среде Скопје триумфираа против Шкупи со 1:2. Гостинскиот играч Цаке со прекрасна завршница донесе предност за стружани.
Шкупи преку Ламине израмни но не за долго затоа што Струга со победничкиот гол на Јахја дојдоа до големи три бода. Ова беше последна есенска обврска за двете екипи, кои повторно ќе им се вратат на предизвиците во ПМФЛ напролет. Шкупи ја заврши полусезоната на второто место со 33 бода, а Струга на одличното четврто место со 28 освоени бода.
Фото: F.C. Struga



