ВБА се одлучи да му даде даде отказ на Славен Билиќ и покрај тоа што вчера екипата успеа да освои голем бод на гостувањето кај Манчестер Сити. Меѓутоа севкупно резултатите се далеку од идеални, забележана е само една победа на 13 средби и поради тоа управата на клубот се реши да и стави крај на соработката со Билиќ.
Славен Билиќ 18 месеци беше на чело на ВБА, успеа да го врати тимот во елитното англиско натпреварување, но сепак клубот не му даде шанса тимот повторно да го врати на победнички патеки и не верува дека со него ќе има опстанок па се случи нивна разделба.



