Македонскиот шампион Струга ТЛ ја запиша првата европска победа откако на „СЦ Билјанини Извори“ го победија Будуќност со 1-0 во првиот меч од второто коло во Конференциската лига.
Македонскиот првак треба да жали што не обезбеди многу поголема предност за реваншот за седум дена во Црна Гора, зашто во првиот дел направија премногу шанси, но успеаа да реализираат само една шанса и тоа во акцијата на Марјан Радески која со гол ја заврши Бесарт Ибраими.