Струга Трим Лум успеа да го сочува својот бастион и повторно остана непоразена и седми пат по ред на свој терен, по ремито 1:1 денеска со Шкендија. Стружани долго водеа со голот на Ристевски од 12. минута, но најдобриот стрелец во Првата македонска лига, Бесарт Ибраими израмни на 1:1 и ја остави Шкендија на врвот.
И второто дерби во рамките на 13 коло заврши со реми помеѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и Шкупи, градското дрби се одигра без голови со непопуларниот резултат од 0:0.
Комплетни резултати 13 коло: Вардар 2:0 Академија Пандев, Ренова 1:0 Борец, Пелистер 1:2 Силекс, Струга Трим Лум 1:1 Шкендија, Македонија ЃП 0:0 Шкупи и Беласица 2:2 Работнички.
Фото: F.C. Struga



