Струга Трим Лум со убедливи 0-3 победи на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица. Тимот кој го предводи Срѓан Захариевски вчера стигна до шестата победа во шестиот натпревар оваа сезона.
Победата на стружани ја најави Буњамин Шабани во 32. минута. Во 73. Минута Бесарт Ибраими зголеми на 0:2, а конечниот резултат го постави Мерџани во последната минута од натпреварот.
Резултати:
Брегалница – Шкупи 2:0
А. Пандев – Струга ТЛ 0:3
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Силекс – Тиквеш 3:2
Скопје – Победа 1:0
Табела
1. Струга ТЛ 18
2. Силекс 11
3. Шкендија 11
4. Брегалница 10 (-1)
5. Академија Пандев 7
6. Шкупи 7 (-2)
7. Македонија ЃП 5 (-1)
8. Тиквеш 4 (-1)
9. Работнички 4 (-1)
10. Скопје 3 (-1)
11. Победа 1 (-1)