Одличниот Еурофарм Пелистер го надигра Нексе за трето место на Фајнл-фор во Сеха лигата. Битолчани славеа со 27:23. Усама Хосни постигна 6 гола, Мирко Радовиќ 5, додека на голот блескаше Урбан Лесјак со вкупно 12 одбранети топки од што четири седмерци. Во тимот на Нексе најефикасни беа Лука Мославац и Марин Јелениќ со по 4 гола.
Цепелинот помеѓу крилата Гоце Ојлески и Мирко Радовиќ од СЕХА Лигата го избраа за најубав момент од овој натпревар. Погледнете ја во продолжение одличната завршница на оваа акција.