
Цела Австрија е во потполен делириум после победата на Бред Биндер, кој на мотор на Ред Бул КТМ славеше на ,,Ред Бул Ринг”.
Јужноафриканецот го презеде најголемиот ризик за да стигне до својата втора победа во ,,кралската” класа, откако на три кругови пред крајот остана единствен од водечката група што не го промени моторот и покрај обилниот дожд на патеката.
Франческо Бањаја го доби второто место поради фактот дека извоза неверојатни последни два кругови и надомести цели 14 секунди заостаток во последните четири километри.
Освојувачот на пол-позицијата, Хорхе Мартин, по вторпат во низа се пласираше на подиумот, преземувајќи го истиот потег како и Бањаја.
Актуелниот шампион, Жоан Мир, го зазеде четвртото место и се израмни на втората позиција во генералниот пласман со гореспоменатиот Бањаја.
После Биндер, најдобриот возач што остана на пневматици за суво беше петтопласираниот Лука Марини, по кој следуваше Икер Лекуона.
Првопласираниот во вкупниот поредок, Фабио Квартараро, накрај ја зазеде седмата позиција, а по него следуваа Валентино Роси, Алекс Маркез, Алеиш Еспаргаро, кои го комплетираа пласманот во топ 10.
Џек Милер, Данило Петручи, Такааки Накагами, Алекс Ринс и Марк Маркез исто така освоија поени, а вон бодовната зона завршија само Пол Еспаргаро и Кал Крачлоу.
Маркез дефинитивно ќе конкурираше за победа, доколку не излеташе во претпоследниот круг, а слична возбуда ќе пружеше и Жоан Зарко, кој ја напушти патеката на девет кругови до крајот.



