КК Пелистер продолжи да победува на домашната сцена и со триумф над Академија ФМП со резултат од 100:72 се зацврсти на лидерската позиција по 14 одиграни натпревари во македонската кошаркарска елита.
Бојан Трајковски имаше одличен меч со „дабл-дабл“ од 20 поени и 13 скока, пред Кесар со 17 поени, додека трет стрелец кај Пелистер беше Вилијамс со 16 постигнати поени. Кај гостинот од Кисела Вода, најмногу се истакна Крстајиќ со 17 поени.