Кошаркарите на Гостивар ставија крај на мини-серијата од два порази во домашниот шапионат. Во првиот меч од 16. коло беа подобри од екипата со најслаб резултат во лигата, тимот на Црн Дрим Грин Мобиле.
Најзаслужен за триумфот беше Фрајдеј со 24 постиганти поени, а во чекор го следеа Костоски со 16 поени, Тодоровиќ даде 12, а Јанески еден поен помалку. Кај Црн Дрим Грин Мобиле, Жоао Марсело имаше дабл-дабл ефект од 22.поени и 16.скока, а Стаменковиќ 10 поени.