Кошаркарите на Куманово можат да жалат затоа што во десет минути прокоцкаа двоцифрена предност и доживеаја пораз од КК Еуро Никел со резултат од 78:79 во дербито на колото во македонскиот кошаркарски шампионат.
Најдобар стрелец кај победникот беше Рикиќ со 25 поени, а го следеше Соколов со 16 поени. Трето име кај Еуро Никел беше Мијатовиќ со 13 поени, пред Дубински со 12 поени.
Кај Куманово, Ливингстон реализира 18 поени, Робев имаше 17, додека Марковски заврши со 13 поени. Еуро Никел со оваа победа влезе во најдобрата четворка во мак-баскетот со скор 8-5, додека Куманово има скор 7-4.