Одличниот офанзивец од средината на теренот, Саше Шопоски летово ги смени клубските бои и од тимот на Пелистер направи трансфер во Брегалница од Штип. Шопоски во досегашната кариера настапуваше за Македонија од Враништа,Струга, Металург, Тиквеш, Победа од Прилеп и после Пелистер ќе гради кариера во штипска Брегалница.