Влатко Стојановски има нов клуб во Франција и тоа второлигашот Шамбле. Одличниот македонски голгетер се повеќе ја добива довербата од тренерот, а тој на најдобар начин возвраќа.
На последниот првенствен натпревар пред репрезентативните настапи Влатко Стојановски на тешкото гостување против Сошо беше асистент на водечкиот гол на својот соиграч Кореа во 8 минута. Инаку домаќините го добија овој меч со триумф од 3:2. Стојановски настапи само во првото полувреме.



