Утре започнува новата сезона во Суперлигата каде тимот на РК Охрид ги пречекува тимот на Тиквеш.
Капитенот на Охрид, Крсте Андоновски очекува победа:
„В четврток го играме првиот натпревар оваа сезона. На домашен терен ќе го дочекаме Тиквеш, екипа која се засили ова лето и има респектабилен тим. За време на подготовките одигравме еден пријателски дуел со нив, успеавме да извојуваме победа. Се надевам дека утре ќе одиграме добар дуел и повторно ќе се радуваме на триумф.