Големиот борец Филип Миркуловски речиси две децении го носеше дресот на Македонија. Синоќа на најдобар начин замина во ракометна пензија откако нашата репрезентација обезбеди настап на Светско првенство
„Првичната цел е остварена, се пласиравме на Светско првенство што беше најважно. Ова беше последен натпревар за мене, со многу емоции. Чест ми е што дваесет години играв за Македонија. Секогаш го давав максимум и среќен сум што ја оставам репрезентацијата во сигурни раце. Има тука многу квалитет. Кога јас започнав со репрезентативната кариера беше многу потешко, тогаш игравме претквалификации, квалификации. Сега новите генерации ќе можат да стекнуваат искуство веднаш на светските првенства. Мислам дека на мојата позиција има одлични млади ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене, бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата, за Македонија“, изјави Филип Миркуловски.