Струмичка Беласица се реши за нов шеф на стручен штаб довербата да му ја додели на искусниот стратег Ѓоре Јовановски, кој што има богата играчка и тренерска кариера. Како стратег ги има предводено клубовите на: Вардар, Слога Југомагнат, Македонската репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, а сега во своето CV ќе ја придодади и ФК Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата.
„ФК Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека ФК Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи“ – истакна искусниот стратег за клупскиот веб сајт.



