Двете екипи што изненадија позитивно во новата сезона од италијанската одбојкарска Серија А се соочија во единствениот денешен натпревар од 19. коло.
Имено, Монца, на домашен терен, успеа да победи со убедливи 3-1, иако гостите го освоија првиот сет со 21-25.
Во продолжение, Монца ги надигра ривалите со 25-21, со 25-28 и со 25-21.
Играта на победничкиот состав ја држеа три одбојкари – Адис Лагумџија (26), Филипо Ланца (18) и Џанлука Галаси (10).
Од гостинскиот табор, двоцифрени беа Жак Росар (15), Тори ДеФалко (13) и Икечи Чиненјезе (10).
Со новите три поени, Монца дојде до петтото место со само четири бодови заостаток во однос на денешниот ривал, но и со два натпревари помалку.
📸 Vero Volley Monza



