За првпат во долгогодишната историја, со наградата МВП (најкорисен играч) во НБА и во Евролигата се закитија двајца сонародници.
Станува збор за Никола Јокиќ (Денвер Нагетс – НБА) и за Василије Мициќ (Анадолу Ефес – Евролига).
Имено, Јокиќ, по трите последователни Ол-Стар селекции, го доби ова признание за првпат во кариерата, откако ги однесе Нагетс до третото место во Западната конференција.
Од друга страна, Мициќ беше избран за најкорисен кошаркар на сезоната во Евролигата, откако бележеше по 16,7 поени по натпревар и го искачи Ефес на тронот за првпат во своето постоење.
Освен нив, по вторпат во низа, за најдобар поединец во регуларната сезона на Еврокупот, второто по ред најквалитетно европско натпреварување, беше избран кошаркарот на Виртус Болоња – Милош Теодосиќ.