
Екипата на Сандерленд го најави своето враќање во втората лига со реми од 1-1 против Ковентри во првото коло од Чемпионшип.
,,Црните мачки”, иако важеа за благи аутсајдери, дојдоа до бод, предводени од преполниот ,,Стадион на светлината” на кој имаше 40 851 гледач.
Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Џек Кларк (12′), реализирајќи после недоволно добрата проценка на гостинскиот голман – Сајмон Мур.
Во продолжение, Ковентри успеа да креира неколку добри прилики, а израмнување донесе Швеѓанецот Виктор Ѓокереш (84′).
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел во втората лига после цели петнаесет години, кога Сандерленд славеше со 2-0.