
Во првиот од денешните два натпревари во КХЛ, Спартак Москва триумфираше со 2-1 над Локомотив Јарослављ.
За Локо, ова беше петти пораз во низа, додека претставниците на главниот град на Русија славеа по четврт пат на последните пет средби.
На мечот, Александер Хохлачев им донесе водство на домаќините во финишот на втората третина, но во третиот дел израмни Артур Кајумов.
Сепак, ,,Црно-белите” дојдоа до целосен плен на 78 секунди пред крајот, кога мрежата на Иван Бочаров ја затресе Андреј Локтионов.
Во Западната конференција, Локомотив остана на четвртата, а Спартак скокна на шестата позиција.