Првата трка од новата Мото 2 сезона се одржа денес во Лусаил, Катар.
На неа, со соло-возење од почетокот до крајот, до седмата победа во кариерата дојде Британецот што стартуваше од пол-позицијата – Сем Лоус.
На второто место се пласираше Реми Гарднер, кој по шести пат се искачи на пиедесталот.
Битката за третата позиција беше неизвесна до самиот финиш, а во неа учествуваа двајца Италијанци.
Накрај, за само 0,013 секунди, Фабио Ди Џанантонио го претекна Марко Беѕеки, а пласманот во топ 5 го комплетираше дебитантот Раул Фернандез.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Џоу Робертс, Џејк Диксон, Марсел Шротер, Бо Бендснајдер и Хорхе Наваро.
📸 Mirco Lazzari gp/Getty Images



