
Денес, во Асен, Холандија, мотоциклистите од МотоГП категоријата се тркаа по деветти пат сезонава.
Имено, до четвртата победа во 2021 дојде Фабио Квартараро, кој дополнително го зголеми своето водство во генералниот поредок во однос на останатите конкуренти.
Французинот на почетокот водеше тешка битка со Франческо Бањаја, но откако го претекна во седмиот круг, до крајот извоза убедлива соло-трка.
За 1-2 триумф на ,,Јамаха” за првпат сезонава се избори Маверик Вињалес, кој стартуваше од пол-позицијата.
Актуелниот шампион, Жоан Мир, се пласираше на најниското место на подиумот, оставајќи го зад себе најдобриот возач на ,,Дукати” – Жоан Зарко.
Марк Маркез стартуваше како дваесетти, а накрај се задоволи со солидното седмо место.
Помеѓу Шпанецот и Зарко се пласираа Мигел Оливеира и гореспоменатиот Бањаја.
Пласман во првите десет изборија уште Алеиш Еспаргаро, Такааки Накагами и Пол Еспаргаро.



