
Еден од ретките и најуспешните соколари во Македонија, Трајче Китановски, во понеделникот, ги рашири своите знаења и искуства поврзани со неговата страст кон птиците-грабливки, преку познатата утринска емисија ,,Ја сакам Македонија”, која се емитува на ,,ТВ Сител”.
Китановски, во емисијата, ги објасни своите почетоци во оваа дејност и придобивките од одгледувањето птици-грабливки, а воедно даде корисни совети за почетниците.
Освен Трајче, придружба и забава на гледачите им приреди и неговата птица наречена Хари. Имено, станува збор за пустински јастреб, кој потекнува од Јужна Америка и е една од ретките социјални птици-грабливки.

Доколку сте заинтересирани за тренинзите и напредувањето на Хари, тоа можете да го погледнете на неговата Фејсбук страна:
https://www.facebook.com/%D0%97%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%A5%D0%90%D0%A0%D0%98-112174413534756/
Пред неколку месеци, тимот на ,,Јави се јужна” ја имаше честа да го направи првото соколарско интервју во Македонија, а во фокусот повторно беше Трајче Китановски.
Целосното интервју, можете да го погледнете на следниот линк: https://javisejuzna.mk/%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be/



